Благоевград го забрани отворањето на македонски културен клуб

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“.

Образложението во декларацијата на градскиот Совет гласи дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“

Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Вапцаров е поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада). 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *