Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за половина денар

Според одлуката на РКЕ, бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар.

Па така, од ноќеска на полноќ еуросупер БС-95 ќе биде со цена од 79,5 денари за литар, бензинот еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,5 денари, а еуродизелот ќе чини 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, поевтинува и мазутот и новата цена за килограм ќе биде 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20 ноември годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.