Без вода за пиење улиците Македонска, Илинденска и дел од Осоговска поради отстранување на поголем дефект од главната водоводна линија

Македонска Каменица, 09. Август 2023 година – Поради отстранување на поголем дефект на главна водоводна линија во близина на детската градинка Бамби, корисниците од улиците Македонска, Илинденска, Осоговска и улица Езерска, ќе бидат без снабдување со вода за пиење.

Екипите на ЈП Камена Река веќе работат на отстранување на дефектот, од каде јавуваат дека снабдувањето со вода во овој дел од Македонска Каменица ќе биде нормализирано до 13:00 часот.

Пишува: Горан Бразда / МедиаПоинт / Каменица.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *