Баскет Кам порачува: Пахарот останува во Македонска Каменица!

Финалето во женска конкуренција станува интересно. По двата порази во низа, Баскет Кам се разбуди во третиот меч, на гостувањето кај Бадел 1861 славеше со 73-74 по продолжение и намали на 2-1 во серијата.

Алексиќ е херојот на актуелниот бранител на титулата, во последната секунда од продолжението постигна тројка и се избори за радост во редовите на својот тим и тага кај „баделки“ кои беа на секунди до пехарот.

Истата кошаркарка беше причината поради која Баскет Кам се избори за продолжение, со тројка во финишот на последната четвртина изедначи ан 63-63, на другата страна Кметовска не успеа да го возврати ударот, па мечот се решаваше во породолжение.

Алексиќ со 25 поени и 7 скока беше прв стрелец кај гостинките, Антиќ имаше дабл-дабл од 18 поени и 13 скока. На другата страна Александра Стојановска запиша 23 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *