Баскет Кам подготвен повторно да му го земе скалпот на Бадел

Во женското кошаркарско првенство попладнево, со почеток од 16:30 часот во Спортската сала во Македонска Каменица, ќе се одигра вториот натпревар од финалната серија меѓу Баскет Кам и Бадел. Екипите кои веќе трета сезона во низа водат беспоштедна борба за шампионскиот пехар.

 

 

Би рекле дека, Баскет Кам е екипата која му покажа на Бадел дека не е повеќе неприкосновен во македонската женска кошарка и практично го навика на порази. Бадел е екипата која, во иднина ќе мора да го бара своето место под македонското кошаркарско небо покрај доминантната екипа од Македонска Каменица, бидејќи Баскет Кам е тим која допрва се создава, расте и ќе се развива.

Домашните кошаркарки максимално ја искористија предноста на домашниот терен на првата средба која ја добија убедливо со 33 поени разлика и доминација во текот на целиот натпревар.

Дали Баскет Кам беше толку доминантен на првиот натпревар или актуелните шампионки имаа само лош ден, тоа ќе мора пред се да го докажат гостинките од Скопје и да потврдат дека нема така лесно да се откажат од трофејот.

Потсетување дека финалната серија се игра во три добиени натпревари, а следниот натпревар ќе се доигра во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *