“Баскет Кам” девојките среде Скопје го декласираа фаворитот Вардар

Скопје, 07.03.2021 година – Во рамки на 8. коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на ЖКК Баскет Кам одигра одличен натпревар на гостувањето против ЖКК Вардар

Вардар е главен ривал на Баскет Кам и најсилен претендент за првото место во Прволигашката женска кошаркарска лига на Македонија – Исток. Со 66:89 во корист на гостите од Македонска Каменица заврши натпреварот помеѓу овие две досега непоразени екипи.

Тренерот Јордан Цветановски за значајната победа на Баскет Кам во денешниот натпревар издвои да каже дека, “девојките на Баскет Кам го дадоа својот максимум од првата до последната минута од натпреварот. Буквално “изгинавме на секоја педа од теренот” за на крајот заслужено да се радуваме во оваа исклучително тешка и значајна битка во борбата за првото место од прволигашката табела”. Цветановски ја потенцираше фер и коректната игра на домаќините, при што ја икористи можноста да упати и благодарност за нивниот спортски и коректен однос.

ЖКК Баскет Кам е прва на табелата со осум победи од исто толку натпревари, додека Вардар е втор, по денешниот силен пораз во дерби натпреварот. Следното коло Баскет Кам го игра во Македонска Каменица во заостанат натпревар против КК Крива Палака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *