Баскет Кам го „смачка“ МЗТ Скопје за експресен влез во големото финале

Баскет Кам девојките не препуштија ништо на случајноста!

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   48:83 (0-3)

Практично се беше решено уште во првото полувреме од овој трет, и последен меч од полуфиналната серија. По првата четвртина, Баскет Кам екипа се одвои на солидни (21:12), кои до полувремето девојките од Македонска Каменица ги претворија во уште повисоки, и недостижни (43:17).

Второто полувреме беше една чиста формалност, во која тренерот на гостинската екипа Златко Гоцевски им даде шанса и на играчите кои имаат помал број на минути Караѓозова, Петровска, Илиева и Владимировска.

На крајот, Сара Максимовска со 17 поени беше прв стрелец во победничката екипа од Македонска Каменица. Николов дополни со 15, Адамовска постигна уште 12, а Тасевска имаше десет поени.

На другата страна од теренот, Симонс постигна 18. поени за МЗТ Скопје Аеродром, Петрова десет, а Митева додаде уште девет поени.

Со ова Баскет Кам буквално уште еднаш ја потврди доминацијата во женската кошарка во Македонија, а слободно можеме да кажеме дека нашиот град е новиот центар на македонската кошарка!
Честитки девојки, честитки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *