Кошаркарките од Македонска Каменица сега се на еден чекор до титулата. Денеска, повторно славеа со (62:53) за (2-0) во серијата.
Вториот натпревар од големото финале, игран во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, донесе подобра игра на Бадел, но недоволно за успех. Бадел беше само добар спаринг пертнер за втор триумф на презизвикувачот Баскет Кам.
БАСКЕТ КАМ 2011 – БАДЕЛ 1862 62:53 (2-0)
По изедначеното прво полувреме, во кое изненадувачки, „баделки“ имаа еден поен предност (27:26), пресудна беше третата четвртина од вториот финален натпревар во оваа серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија.
Односно периодот од 25. до 30.минута од играта во кој домашната екипа од негатива од два поени (36:38), стигна до резултатски пресврт. На крајот на третата четвртина, Баскет Кам 2011 поведе со (51:42), и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот.
А го одбележи едно неверојатно индивидуално остварување. Го реализираше Сања Адамовска.
Македонската репрезентативка одигра меч за паметење. Забележа трипл-дабл ефект, до кој дојде преку реализација на десет поени, исто толку асистенции, но и 11. скока во оние 40.минути кои ги помина на теренот!
Момент кој навистина ретко се забележува во историјатот на финалните натпревари во женска кокуренција.
До победата број 2 во оваа серија, Баскет Кам 2011 го донесе и учинокот на Димова, која реализираше 16.поени, додека Тасевска имаше уште десет.
Третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, ќе се игра на 14.мај (недела) во салата „Независна Македонија“ во Скопје со почеток од 19.часот.
Кошаркарките на Баскет Кам 2011 патуваат во Скопје по вториот пехар и нова шампионската титула.
(при пишување на текстот се користени податоци објавени од официјалната страна на КФСМ.МК)