Атанасовски: Трајно ги решаваме проблемите со водоснабдување на домаќинствата во село Саса

Општина Македонска Каменица започна работни активности за трајно решавање на проблемите со водоснабдувањето на домаќинствата во село Саса

– Реализацијата на овој проект има огромно значење за жителите од Саса. Покрај постојаното снабдување, тие добиваат проверена чиста и здрава вода за пиење, – устакнува Димчо Атанасовски градоначалник на општина Македонска Каменица, кој додава дека, истовремено се работи на изградба на прочистителна станица во село Цера која ги опфаќа домаќинствата во Стара Каменица и село Дулица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *