Атанасовски: Советот за развој на ИПР донесе одлука за реконструкција на кровот и фасадата на детската градинка Бамби во Македонска Каменица

Советот за развој на Источно плански регион, покрај другите важни одлуки за Источниот регион од дежавата, донесе важна одлука и за нашата општина. Станува збор за одлука, со која практично ќе започнат активностите за реконструкција на кровот и фасадата на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица, – соопшти денеска градоначалникот на општина Македонска Каменица, по завршувањето на 14. Седница на Советот за развој на ИПР одржана во Виница.

Исто така, на седницата се презентираа концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог- листа на проекти за развој на планските региони, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *