Атанасовски: Започнуваме со трајно решавање на проблемите со водоснабдувањето во селата Луковица и Тодоровци

Денеска со објава на социјалните мрежи, градоначалникот Атанасовски го објави почетокот на изградбата на водовод кој опфаќа поголем дел од домаќинствата во селата Луковица и Тодоровци.

– Започна изградбата на нова водоводна линија за потребите на населението во село Луковица и село Тодоровци во вкупна должина од 2 километри, – стои во објавата од градоначалникот Атанасовски

Реализацијата на овој проект има огромно значење за жителите од Луковица и Тодоровци. Покрај постојаното снабдување, тие добиваат проверена чиста и здрава вода за пиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *