Атанасовски: Во тек е прочистување и пробивање на пристапниот пат од Рудникот САСА до Ајдучка чешма

Македонска Каменица, 17. Ноември 2023 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во рамки на теренските работни активности изврши увид во градежните работи за прочистување и пробивање на пристапен пат од Рудникот САСА до Ајдучка чешма преку маала Тораница.

 

 

– Во зависност од временските услови, очекуваме овој пат да биде завршен во најкраток временски период. Со тоа, решаваме повеќедецениски проблем на локалното население и овозможуваме олеснет пристап до природните убавини на село Саса и Осоговските планини воопшто, – изјави градоначалникот Атанасовски

Патниот правец каде се вршат градежни работи е со приближна должина од 8 км. Изведувач на работите е ,,Кав – Кам Транс” Дооел Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *