Аргентина е Светски шампион! Меси го крена и најголемиот пехар! (ВИДЕО)

По едно чудесно финале во Катар, Аргентина на пенали ја победи Франција и го освои Светското првенство, натпреварот по 120 минути игра беше нерешен, 3-3.

Во 118. минута Франција доби уште еден пенал поради игра со рака. Мбапе постигна нов гол од белата точка, негов хет-трик на ова финале за израмнување на 3-3.
Во 123. минута Коло Муани имаше огромна шанса да го донесе трофејот за Франција, беше сам пред Мартинез, но аргентинскиот голман го одбрани неговиот удар.
3-3 беше резултатот по 120 минути борба, пеналите го решаваа Светскиот шампион.
Во пенал серијата Кингсли Коман и Чуамени не реализираа, Мартинез му одбрани на Коман, а Чуомени го промаши голот. Мбпае и Коло Муани реализираа за Французите.
За Аргентина погодија сите четворица изведувачи, Меси, Дибала, Паредес и Монтиел по што можеше да почне големото славје за најголемиот трофеј во светот, Светски шампион!
Објавено: 18 декември 2022
Извор: mkd.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *