Драги хумани луѓе,
Со оваа објава се вклучуваме во акцијата за собирање на финансиски редства неопходни за продолжување на лекувањето на нашиот сограѓанин Симо Стојковски.
Од потребните средства е соберен само мал износ, кој не е доволен за продолжување на медицинскиот третман на Симо Стојковски во Аџибадем Систина, каде му е понуден хируршки и болнички третман.
Од потребните средства е соберен само мал износ, кој не е доволен за продолжување на медицинскиот третман на Симо Стојковски во Аџибадем Систина, каде му е понуден хируршки и болнички третман.
Лекувањето од Спасистична Параплегија треба да му ги намали потешкотиите во секојдневниот живот на Симо Стојковски, чие психичко и физичко здравје се влошува секојдневно. Тој и неговото семејство, не се во состојба сами да ги обезбедат потребните 198 900 денари за продолжување на лекувањето.
Затоа, сплотено и заедно да помогнеме!
Веќе се активни телефонските донациски броеви од Телеком и А1, каде сплотено и заедно треба да помогнеме во донирањето на средства за нашиот сограѓанин Симо Стојковски.
Да донираме и да помогнеме!
