Андреј Ѓорѓиевски прогласен за првенец на генерацијата во СОУ „Миле Јаневски Џингар“

Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ ги прогласи најуспешните ученици од 2020/24 генерација. Првенец на генерацијата е Андреј Ѓорѓиевски – ученик во IVб клас при каменичкото средно училиште.
– Секоја генерација е посебна и има свое обележје. Секоја генерација е дел од нас, дел од училиштето. Оваа година испраќаме уште една генерација, која несомнено беше уште една во низата успешни, – истакнуваат од училиштето за генерацијата 2020/24, која оваа учебна година го завршува средното образование
Покрај Андреј Ѓорѓиевски кој се стекна со епитетот првенец на генерацијата, за истакнат ученик е прогласена Теона Илиевска. За најистакнат спортист во каменичкиот средношколски центар е прогласена Стефанија Маринковска.
Во продолжението од текстот директорката на училиштето Данче Гоцевска, во име на наставничкиот колегиум на сите ученици од генерацијата 2020/24 им го честита матурирањето и им посакува искрени желби за успех во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *