Ана Михаиловска | Со парите можеш да купиш се’, но не и љубов!

 

Со парите можеш да купиш се’, но не и љубов!

Живот..Борба. Борба за едно подобро утре. Се будиме и заспиваме со надеж. Надеж дека утрешниот ден ќе внесе светлост во ова мрачно и сурово општество, 21 век. Дека можеби денес нешто ќе се смени кон подобро. Живееме во свет каде водиме борба за сопствено преживување. Свет преполн со предизвици кои ве носат до посакуваната цел. Пари, нели?

Жална и болна вистина која создава раздор и љубомора меѓу луѓето. Ако и воопшто можам да ги наречам луѓе оние за кои парите се најважното нешто, парите се моќ, велат. А, кога ќе застанеш пред нив и ќе ги прашаш: Тоа ли ви е целта, за ова ли живеете? Тогаш ќе ја наведнат главата немајќи одговор, а одговорот стои јасно испишан на нивното чело. Немаат лице да се спротистават и да речат НЕ! Љубовта ми е поважна, таа го движи светот, не парите.

Живееме во свет каде од мали нозе се соочуваме со разни проблеми. А секој проблем остава трага. Трага која те тера пред време да пораснеш. А ти стануваш огорчен бидејќи сфаќаш дека растеш во општество каде парите го вртат светот. И тогаш си велам:Ех, да можам да го замрзнам времето и да се вратам во сигурната закрила на детството. Време кога владееше љубов. А денес? 

Дали ова е живот?

Живот во кој секој поединец во главата има врежано само едно:пари…Секој ги сака, секој ужива во нивниот луксуз, но тие не се се во животот. Листата на нешта поважни од пари е долга. А на прво место меѓу нив се изгига љубовта. Таа е неопишлива со зборови, невозможна за учење, а сепак е вистинита и моќна.

Ако паритe би ги опишала како извор на секое зло, причина за уништување на меѓучовечките односи, тогаш љубовта е движечка сила која внесува топлина  во човечкото срце и му дава сигурност. Таа постои уште од самото раѓање, а со текот на времето ја запознаваме и сфаќаме секој на свој начин.

Ги жалам луѓето, ве жалам вас кои се продавате за пари, кои сметате дека парите ќе ве однесат далеку и далеку. Но колку, каде? Па, во денешно време постојат и луѓе кои и љубовта ја засноваат на пари не сфаќајќи дека тие се нешто минливо. Денес се тука утре не. Преку ден си милионер, а веќе наредниот си со празен џеб. Но љубовта е овде постојано, секаде. Парите не можат да ја заменат љубовта која на животот му дава шарена нота. Бидејќи се што е добро на овој свет доаѓа од љубовта, таа е водилка која не движи и му дава смисла на животот.

А во овој живот ќе купиш можеби се, но поглед на убав ден, насмевка, утешен збор. Е тоа не можеш. А, тоа е љубовта.

И наместо да ги броите парите, бројте ги нештата кои будат љубов во вас.

Љубов бе луѓе, бесплатно е!

Leave a Reply

Your email address will not be published.