Ана Димитровска со 37 постигнати голови е прв стрелец во Првата женска фудбалска лига на Македонија

ЖФК Каменица САСА натпреварувачката 2021/22 сезона ја заврши на третата позиција на табелата, но многу од најдобрите клубски и поединечно постигнати резултати остануваат забрлежани кај каменичките фудбалерки.

Така, Ана Димитровска со 37 постигнати голови е прв стрелец во Првата женска фудбалска лига на Македонија во сезоната 2021/22. Следуваат Илза Максути од АС Јунајтед со 31 гол. Потоа, Присила Едита Силва од ЖФК Љуботен (25 гола), Маријана Јанков од Тиверија (20 гола) и Теа Божиновска од ЖФК Скопје (19 гола).

Прволигашкото друштво го напуштија екипите на Топ Гол и Атлетико од Битола, а на нивното место влегуваат екипата на ЖФК Кул и ЖФК Кочани, инаку некогашен шампион на Македонија.

ЖФК Љуботен поради титулата ќе игра во квалификациите за ЛШ, а трофејот во Купот на Македонија доаѓа во Македонска Каменица кај двократниот првак на Македонија, екипата на ЖФК Каменица Саса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *