ЈП Камена Река спроведе акција за чистење и доуредување на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Како што изјавуваат од Јавното претпријатие акцијата е спроведена „Во пресрет на почетокот од пролетниот дел на фудбалските сезони во машка и женска конкуренција, при што ЈП Камена Река пристапи кон доуредување и разубавување на Градскиот стадион во Македонска Каменица“.
Наведувајќи ги спроведените активности, директорот Влатко Димитровски издвои дека „Денешните активности опфаќаат отстранување на високостеблести дрвја и џбунеста вегетација околу Куќата на спортот, темелно чистење на трибнискиот дел, како и фарбање на заштитниот ѕид со помошните објекти во склоп на стадионот“.
Градежните работи на Градскиот стадион продолжуваат со изградба на нови пристапни патеки и поставување на заштитна ограда кај трибинскиот дел, за поголема безбедност и удобност на посетителите при следење на фудбалските натпревари.
Ова е прва акција на ЈП Камена Река за темелно чистење и уредување на Градскиот стадион, каде во изминатите години општина Македонска Каменица инвестираше во реконструкција на трибинскиот дел од стадионот со поставување на нови 1500 столчиња за следење на натпреварите и во изградба на Куќа на спортот, неопходна за нормално функционирање на спортските клубови во градот.
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/2022/02/274203521_4802340099886296_90727781512063827_n.jpg)
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/2022/02/274208234_4802340319886274_3279157316338068405_n.jpg)
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/2022/02/274219550_4802339489886357_2353677288726956819_n.jpg)
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/2022/02/274240781_4802339796552993_5768376438411377200_n.jpg)
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/2022/02/274332644_4802340009886305_7593075041969464143_n.jpg)