Автобус од Скопје за Кочани останал без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани, како што известува порталот Либертас, останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.

Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници.

Возачот кога забележал дека останал без две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.

Извор: libertas.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *