За утре закажана првата “Зелкаријада” во село Тработивиште
Во рамки на настанот како најпознат и најзастапен производ во Тработивиште акцент на настанот ќе биде ставен на подготовката на јадења од домашна зелка и храната која може да се приготви од неа.
Почетокот е закажан за 13:00 часот, а организаторите упатија отворена покана до посетителите да присуствуваат на првиот настан од ваков вид, во чии рамки се предвидени повеќе содржини кои вреди да се видат!