ФК Каменица САСА оствари висока победа против екипата на Осогово во Кочани. Ова меѓуградско дерби, одиграно во рамки на првото коло од Втората македонска фудбалска лига на Македонија, заврши со високи 4:1 за екипата од Македонска Каменица.
Бледата и недоволно организирана игра на домаќините, се покажа како пресуден момент при креирањето на крајниот резултат. Иако, на полувреме се замина само со 1:2, уште на самиот старт од второто полувреме гостите ја преземаа иницијативата. До крајот на натпреварот, успеаа уште во два наврати да реализираат за конечни 1:4.
Стрелец за домаќините беше Ќазимов, додека мрежата на Осогово ја тресеа Ричков, Божинов, Димовски и Ефремов.
Следното коло ФК Каменица САСА е резервирана за Тим Локомотива од Градско, а Осогово игра уште едно дерби, овојпат против екипата на Слога 1934 во соседна Виница.