АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И ПЕРЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ И ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 23.08.2021 година – Општина Македонска Каменица во соработка со Јавното претпријатие „Камена Река“ и екипи на ТППЕ, денеска, започнаа со активности за подобрување на хигиената во градот со редовно чистење на улиците во централното градско подрачје.

Во известувањето кое пристигна од ЈП Камена Река, стои дека од денес, 23. Август 2021 година започнува редовно перење и чистење на најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица. Истите ќе бидат третирани според распоредот наведен во известувањето: улица Гоце Делчев, Осоговска, Каменичка со ул. Вера Јоциќ, Илинденска, Александар Македонски, Самоилова, Филип 2, Руенска, Рударска, 28 Август и др.

Акцијата со перење и чистење на граските улици ќе продолжи и во наредниот период со третирање на сите фрекрентни улици и во останатите делови од градот, за што граѓаните дополнително ќе бидат известени.

Исто така, ЈП Камена Река ги замолува граѓаните во наведените термини да ги отстранат градежниот материјал и моторните возила од улицците. Со ова, значително ќе се олесни работата на екипите на терен и ќе се намалат ризиците од несакани последици и штети по имотите на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *