Нарко дилер од Кочани фатен со 15 килограми марихуана

Во бункер кај градскиот базен во Кочани, локален жител чувал дури 15 килограми марихуана. Кочанецот со иницијали А.Л. на возраст од 31 година, ја спакувал мариханата во повеке пакувања и ја спремал за продажба. Полицијата го следела некое време и чекала погодна прилика да го уапси нарко дилерот.

Ова е една од поголемите количини на пронајдена и запленета  дрога во Источна Македонија. Се проценува дека овие 15 килограми марихуана би достигнала цена од најмалку  22.000 евра или доволно за купување на стан  во Кочани од околу 45 м/2. Кочанецот е приведен, а од страна на судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *