Каде ќе живее семејството Обама по истекот на мандатот? Верувале или не, Македонска Каменица е нивниот избор!

Барак Обама зад себе остава два претседателски мандати, а Белата Куќа ќе треба да ја напушти и да му ја отстапи на новиот претседател Доналд Трамп. Како и сите нормални и богати луѓе на планетата, Барак за својот нов дом ја избра Македонија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку Македонска Каменица.

Барак, Мишел, Малиа и Саша на 20-ти јануари ќе се сместат во куќа на островот Калата, во Калиманско езеро. Куќата има вкупна површина од 1000 квадратни метри, заобиколена е со канал широк 3 метри, во кој живеат околу 200 крокодили. Барак Обама веќе има испратено и околу 1000 бели ајкули кои се пуштени во Калиманско езеро. Месечната кирија за куќата изнесува неверојатни  222.000 долари.

Огромно браво за изборот на семејството Обама!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *