ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Денес е четврток, 3 ноември 2016 година, 308-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:03, а ќе зајде во 16:29 часот. Денот ќе трае 10 часа и 26 минути.

Во утринските часови имаме појава на слаба магла должд Повардарието и претежно умерено облачно и топло време. Во јужните и југоисточните предели претежно сончево и посвежо време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, повеќе сончеви периоди и потопло време се очекуват во јужната половина од Македонија. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северозападните, северните и североисточните предели со услови за слаби врнежи од дожд. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури во пораст и ќе се движат од -2 до до 8 степени, додека пак максималните дневни од 10 до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок умерено облачно со сончеви периоди и пад на дневните температури кои ќе се движат од 8 до 16 степени. Во сабота и недела во утринските часови појава на магла, а во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и потопло со максимални температури од 13 до 21 односно од 15 до 23 степени. Во понеделник претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со услови за слаб дожд и температури од 13 до 21 степен.

img_20161103_081115

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *