kamenica.mk стартуваше со петиција за повторно оддржување на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica во Македонска Каменица. Инаку TSOK е open air музички фестивал, кој се оддржа во 2014 и 2015 година. Негова цел e урбано будење, градење на улична култура и промовирање на вистински музички вредности, наспроти секојдневниот кич, шунд и турбо-фолк кои не опкружуваат насекаде.
На првото издание на True Sound Of Kamenica кое се оддржа на 11 Јули 2014 година настапија: Vladimir Acic и Loco Baby од Србија, Christian Craken, Momo Dobrev и Miss Party од Бугарија и македонските диџеи Даркман, Абраш, ЗокиПоки и Борче Панов.
Дел од вториот True Sound Of Kamenica кој се оддржа на 3 и 4 јули 2015 година беа: Zoster (BiH), Manuel De La Mare (IT), Green Out (MKD), DJ Diass (BG), Double D (BG) и DJ Nixar (MKD).
Фестивалот не се оддржа во 2016 година!
Дали на Македонска Каменица и е потребен фестивал од ваков карактер или не?