На 26.02.2024, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица. Тој се сомничи дека допирал по телото 70 – годишна жена од истото село.
За случајот е запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против А.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.