22-годишно момче со својот неподвижен татко живеат во огромна сиромаштија и простор од само девет квадрати

Кревет маса и шпорет на дрва, толку дозволува просторот во овие девет квадрати во кои живее Дејан Костовски со својот неподвижен татко. Животот на ова 22 годишно момче од корен му се менува по отказот на татко му.

„Кога го доби отказот на работа, и прв мозочен удар доби на работа. Од тогаш почнаа сите мозочни удари. Мајка ми почина пред три години. Лани со поќарот го допревме дното. Кога го скрши колкот на 1-ви јануари беше крај на се за што имаше надеж,“ вели Дејан Костовски.

Неговото семејство живеело скромен живот во оваа трошна куќичка, но пожарот од дотраената инсталација го уништил кровот и цела покуќнина поради што Дејан со својот татко сега живеат во овој мал простор. Дејан сам готви, сам пере и сам се грижи за својот татко. Спие на подот со глувците, тоалет немаат, а садовите на овие температури ги мие надвор.

„Доле на земја спијам поради тоа што таква е состојбата Има и глувци Доле спијам само за да бидам со него. Сам правам за јадење, сам перам, сам него го пресоблекувам, сам го перам, се правам сам. Имам двајца другари кои што цело време се со мене во која било ситуација и они ми помагаат да го кренеме, со храна, ми помагаат со се и да не се они не знам што би направил,“ вели Дејан.

Неможејќи сам да се справи со немаштијата и здравјето на татко му, Дејан помош побарал преку социјалните мрежи. Хуманите граѓани му помогнале со храна но Костовски вели за него најголема грижа претставува неговиот татко. Дејан сака да работи но неможе бидејќи нема на кого да го остави. Мајка му работела во општината Ѓорче Петров од каде и добиле 10 000 денари еднократна парична помош, по падот на татко му Дејан повторно побарал помош, градоначалникот Сокол Митревски му ветил сместување на татко му во Геронтолошкиот завод во општината, но оттаму го ставаат на листа на чекање.

„Градоначалникот на оптината, Сокол Митревски, со нив се слушнал Едно беше кажано кај нив дека има кревет и дек од понеделник може да биде сместен. Јас кога се јавив ми рекоа дека мора да се донесе цела негова документација, да се стави на листа на чекање и дури тогаш да се смести во просториите на геријатрија,“ вели Дејан.

Од општината велат дека прават напори 62 годишниот Костадин да биде сместен во домот, но дали тоа ќе се реализира потврда не добивме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *