20 годишно момче загина во сообраќајна несреќа која утринава се случи на патот од село Облешево кон село Бање.
Од СВР Штип потврдуваат за настанот. Пријавата кај нив пристигнала во 5:48 минути. Како што додаваат од таму ви несреќата учествувало само едно патничко моторно возило поло со кочански регистерски ознаки. Возачот изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.
Со возило на Итната медицинска помош Кочани бил префрлен во кочанската општа болница, но и подлегнал на повредите и починал. На лице место увид изврши увидна екипа од ОВР Кочани.