Третото издание на „Tour the Kalimanci Lake 2020“ на 6. Септември ќе ги собере велосипедистите од регионот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01.09.2020 година – На 06 септември 2020 година, ќе се одржи третата Велосипедската тура „Tour Тhe Kalimanci lake“.

Организаторите на велосипедската тура најавуваат зголемена ддолжина на рутата: „Должина на „кружната“ патека околу Калиманско Езеро ќе биде зголемена за 10 километри и оваа година ќе изнасува 46 километри. Генерален спонзор на Tour The Kalimanci Lake е „Palmas 2016“ – компанија од Македонска Каменица со работа во Белгија. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица, а медиумската покриеност и оваа година е обезбедена од електронскиот медиум www.kamenica.mk. Kamenica Mk“.

Пријавувањето за учество на велосипетската тура е во периодот од 09:00 до 10:00 часот, пред стартот на турата на самиот ден на одржувањето.

Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење од ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател.
За сите кои ќе се пријават најдоцна пред почетокот на трката задолжително е поседување на заштитна „кацига“ и дополнителна индивидуална додатна опрема.
Вклучени се неколку попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци за учесниците.

Почетно и крајно собирно место е Паркот на рударите во Македонска Каменица, од каде велосипедистите ќе се придвижат кон почетокот на турата кај браната на езерото Калиманци. Официјалниот дел од турата започнува кај браната на Калиманско Езеро и продолжува се до спојот на локалниот пат од село Илиово и магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, каде и завршува. Потоа, на враќање кон Македонска Каменица, велосиедистите ќе имаат можност да уживаат во живописните глетки кон Калиманско Езеро движејќи се преку селата Тодоровци и Луковица (маало Колашки, Паламарско маало и Луковичко поле). Враќањето кон Македонска Каменица е планиран преку главниот пат низ село Луковица, се до Паркот на Рударите.

Според организаторите, Tour The Kalimanci Lake има за цел, покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калминаско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.

Огранизаторите ги замолуваат учесниците за строго придржување кон пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид 19. За учесниците ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција на почетокот и крајот од турата, но потребно е истите со себе да носат заштитни маски и постојано да одржуваат минимум потребно физичко растојание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *