Спектакуларно: Црвена Звезда на ревијален натпревар против штипска Брегалница во чест на Драгослав Шекуларац

Се интензивираат активностите околу спомен обележјето на Драгослав Шекуларац во Штип, авторско дело на Методи Андонов, а паралелно со тоа течат преговорите околу ревијалниот би рекле и спектакуларен натпревар помеѓу ветераните на Брегалница и на белградска Црвена Звезда.

Според информациите од некогашниот интернационален ЈУ судија Ванчо Коцев, наголемо се подготвува сценариото за овој исклучително атрактивен настан, за тоа кои сѐ гости ќе бидат повикани да го одбележат овој чин и како сите тие да бидат пречекани, примени и удостоени. Со еден збор, потребна е организациска мобилност, бидејќи во прашање е спортски настан со големо значење и со голем број на гости.

Во вчерашниот телефонски разговор со Бошко Ѓуровски, веќе се потврдени и првите звучни имиња на Црвена Звезда, кои ќе допатуваат во Штип. Тоа се браќата Бошко и Милко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон, Љуковчан, Аќимовиќ, Шестиќ, Дуле Савиќ, Боровница, Селе Милошевиќ, како и Дарко Панчев и Илија Најдовски.

Според информациите од Драган Христовски, засега со сигурност за Брегалница ќе настапат: Гордан Здравков, Кире Герасимов, Мики Маџунаров, Баже Петров, Блажевски, Пепи Георгиевски и Томче Трајановски како гости, а се очекува списокот во наредните денови да се надополни.

Инаку, според зборовите на Ванчо Коцев, сè уште не утврден точниот датум за овој исклучителен настан, односно дилемата е дали тоа да се случи на 27 или на 28 мај, но наскоро и тоа ќе се одреди и дефинира.

Инфо извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *