Во скопската населба Кисела вода на улица „Михаил Чавков“, утрово млад човек скокнал од покрив на зграда.
Полицијата го расчистува случајот и во моментов се обидува да го идентификува лицето и да ги разјасни мотивите за самоубиството.
По немилиот настан пристигнале бројни полициски екипи кои и натаму го истражуваат местото, а подетални информации ќе соопштат подоцна.