Поинакво издание на “Ин Виница Веритас 2020”

Во рамките на фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас 2020”, во некое поинакво издание, со ограничен број на посетители, без можност за отварање на изложбата на карикатури како што доликува поради ситуацијата во која се наоѓаме, беа изложени 48 карикатури. Оваа година на овој меѓународен фестивал на објавениот конкурс со наслов “На работ од бездната 2020” учествуваа над 270 учесници со над 500 учеснички карикатури од целиот свет, стои во соопштението на официјалниот налог на социјалните мрежи на градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров. Во продолжението на соопштението се вели дека и се изборот на комисијата која е во состав со Благица Стојановска од Македонија, Наташа Костовска од Македонија, Мехмет Кахраман од Турција, Маријана Иванова од Македонија и Олексеј Кустовски од Украина беше навистина тежок со оглед на тоа што станува збор за врвни карикатуристи. Иако конкуренцијата е голема, изборот едногласно го направија и победничкото место го доделија на Darko Drljevic од Црна Гора, второто место го зазема Ilya Katz од Израел, а третото место Izabela Kowalska – Wicorek од Полска.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Ивица Димитров кој рече “Со богатиот и разновиден репертоар на културни настани и манифестации во нашата општина последните три години, за кои се одвојува поголема сума на финансиски средства општина Виница заслужено го носи епитетот “Град на културата во истокот за 2019 година”.
Изложбата со 48 карикатури од синоќа е отворена за сите посетители кои редовно ќе го следат репертоарот на театарски претстави кои стартуваа со Давид Илиќ, Надица Петрова, Бобан Алексоски во театарската претстава “Не ми го чепкај пивото!” во режија на Ѓорги Ризески од Театар “Златен Елец” – Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *