Погледнете ја вечерва “Снежната Месечина”. Приредува вистински празник за очи на небото

Затемнувањето на Месечината во Лав, во ноќта помеѓу петок 10 февруари и сабота 11 февруари 2017 години ќе ни донесе голем број позитивни аспекти. Ја нарекуваат и „Снежна Месечина“ затоа што ја дочекуваме во месецот во кој традиционално има најмногу снег.

Доколку на вистински начин ја искористите убавата симетрија со Сатурн, можете своите таленти да ги претворите во вистинска магија. Сонцето во опозиција со месечината внесува силна динамика,, но и потенцијал за конфликт во односите помеѓу партнерите, на работа како и дома, помеѓу пријателите, но и членовите на семејството.

За почеток, подгответе се за ерупција на чувства, засилени инстинкти, емотивна кулминација кои ќе концидираат со еклипса. Обидете се објективни да ги согледате најблиските односи, да ги разберете како своите потреби и намери така и намерите и потребите на другата страна. Не заборавајте, било каква нерамнотежа ќе резултира со дисхармониија.

Лав е владетел кој очекува кон него сите да однесуваат како кон крунисана глава. Меѓутоа, таа круна често ја става и на нашето „внатрешно дете“, па е потребно да најдеме рамнотежа. Затемнувањето ни дава можност добро да ја погледнеме сопствената сенка, а сенката на Лавот е ароганција, гордост и однесување на „примадона“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *