Намалување на комуналните такси за угостителите на предлог на градоначалничката Соња Стаменкова

Македонска Каменица, 17.05.2020 година – Како што стои во соопштението на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица на следната Седница на Советот на општина Македонска Каменица една од точките на Дневен ред ќе биде предлогот  даден од страна на градоначалничката Соња Стаменкова, за ослободување од плаќање на комунални такси на угостителските објекти.

Понатаму во соопштението се вели дека: предлогот до Советот на општина Македонска Каменица се однесува на процентуално намалување на таксите за користење на простор пред деловен објект, угостителските објекти (кафеани, кафулиња, гостилници и слично) и нивните истурени деловни места (бавчи и тераси) за 2020 година.

Ове е една од мерките кои градоначалничката Стаменкова веќе ги најави како дополнителна помош и грижа кон угостителските правни субјекти во Македонска Каменица, како еден од најпогодените сектори од појавата и ширењето на Ковид 19.

Советот на општина Македонска Каменица ќе ги намали комуналните такси за угостителите на предлог на градоначалничката Стаменкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *