Мики Георгиевски име на млад голмански талент за кое допрва ќе се слуша

received_933845520080705Еден од многуте млади таленти што успешно ја градат својата кариера надвор од Македонска Каменица е и 17 годишниот Мики Георгиевски. Тој веќе трета сезона по ред успешно ги брани боите на штипскиот фудбалски прволигаш Брегалница. Мики Георгиевски е стандарден првотимец во младинските категории на клубот и со просек од само 0,85 голови по натпревар се вбројува во најдобрите млади голмани во првата македонска фудбалска лига.Неговите почетоци се од неговата10 годишна возраст во пионерските категории на ФК Каменица – САСА, каде започнува неговата љубов кон фудбалската игра. Годинава Мики Георгиевски сезоната во својот клуб ја започна доста успешно и се повеќе со своите одбрани го привлекува вниманието на повеќе клубови од домашното првенство и на неколку клубови од Европа.received_933834270081830

Навива за Барса ја сака нивната игра, а негов идол помеѓу стативите е Де Геа. Мики Георгиевски е скромно момче кое срамежливо, само низ смеа ни одговори дека сеганајважно му е да тренира и да продолжи со добрата игра, а резултатите како и до сега сами ќе си дојдат. Само со добра игра и вложен труд и работа може да се постигне целта што ја има пред себе, а тоа е да се биде дел младинскиот репрезентативен состав и помеѓу стативите на голот на некој голем европски клуб. – вели нашиот млад талент Мики Георгиевскиreceived_933845390080718

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *