Полицијата истражува како возел јавниот градски превоз во Кочани. Засега од СВР – Штип ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата за истрага поврзана со линискиуот превоз во Кочани.
Но потврда за започната полициска истрага има од општина Кочани:
- Од страна на надлежен орган се врши контрола на овој предмет и засега се уште нема покренато кривично дело, се уште е во фаза на истрага, изјави Венцо Бојков, Одделение за правни работи на о. Кочани.
Истрагата е иницирана од сомнежите дека автобусите во Кочани возеле по своја, а не по маршрута, утврдена од страна на Советот:
- Имам неколку информации, а тоа се дека во претходниот период е извршувано превоз по некоја линија која не била усвоена со одлука на Совет, кажа Венко Крстевски, член на Советот на Општна Кочани.
Токму и поради ова, советниците беа претпазливи кога на дневен ред на седница на Советот беше поставената точка што се однесува на извесни измени во одлуката за организирање и субвенционирање на јавниот градски превоз:
- Дали со оваа одлука што е доставена, ќе соодветствува и одржувањето на линискиот прево. Значи, прашањето ми е дали нема да се доведеме ние како советници во заблуда да изгласаме една одлука, а линискиот превоз да вози по друга линија, праша Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.
Јавниот градски превоз во Кочани е воведен пред четири години. Цената е утврдена на 20 денари, од кои 10 денари плаќаат граѓаните, а останатите 10 денари ги сувнеционира општината.