КИЦ Романса објави Литературен конкурс за учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.05.2022 година – Културно информативниот центар ”Романса” од Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани ученици при ООУ “Св. Кирил и Методиј” дека распишува Литературен конкурс за творби на тема Свети Кирил и Методиј.

Овој Литературен конкурс КИЦ Романса го распишува по повод Патрониот празник на основното училиште во Македонска Каменица, кое го носи името на македонските и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј.

 

Ова се деталите и условите од Литературниот конкурс:

Право на учество имаат само учениците од прво до девето оделение во О.О.У.”СВ:КИРИЛ И МЕТОДИЈ ”Македонска Каменица
Најдобрите творби ке бидат парично наградени со вредносни ваучери од:

 Прва награда-3000 денари
 Втора награда-2000 денари и
 Трета награда-1000 денари

Творбите треба да се достават во 3 печатени примероци во шифрирана форма и тоа:во посебен плик со податоци на секој од учесниците(авторите) во конкурсот,пликот да биде затворен и на него да се напише шифрата.Творбата и пликот со податоците на учесниците(авторите) да се стави во друг плик на кој ке биде напишана адресата со назнака-За литературен конкурс.

Творбите треба да бидат доставени лично во просториите на Домот на Културата во Македонска Каменица,секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.
Конкурсот ке трае од 09.05.2022 год.до 18.05.2022година.Литературните творби доставени по истекот на наведениот рок во конкурсот нема да се разгледуваат.Бројот на доставени творби нее ограничен.

Прогласувањето на најдобрите творби ке биде на 23.05.2022 година,во рамки на одбележувањето на патрониот празник на О.О.У.”СВ: КИРИЛ МЕТОДИЈ”Македонска Каменица

Творбите ке останат во сопственост на КИЦ”Романса”Македонска Каменица и истите може да послужат во издавање на заедничка книга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *