Загина работник на автопатот Штип – Миладиновци

Загина градежен работник на автопатот Штип-Миладиновци, кај клучката на штипското село Криви Дол, соопштија од СВР Штип. Оттаму велат дека работникот околу пладне бил прегазен од машина за изградба на делницата, по што на местото пристигна Итна медицинска помош од Свети Николе и бил констатирана смртта на работникот. Основен јавен обвинител и екипа на крим-техника прават уви на терен, а во тек е и обдукција на загинатиот работник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *