Завршена реконструкцијата на пумпната станица за водоснабдување на Индустриската зона во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 31.07.2020 година – Општина Македонска Каменица објави соопштение за јавност за завршена реконструкција на пумпната станица со која се обезбедува непречено снабдување со вода на Индустриската зона.

Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост:

Завршена е реконструкцијата на пумпната станица за водоснабдување на Индустриска зона во Македонска Каменица.

Покрај реконструкцијата, со набавката на новата Grundfos автоматизирана пумпа за вода се обезбедува задоволување на потребите за непречено водоснабдување на капацитетите во Индустриската зона во Македонска Каменица.

Врз основа на најниската понуда од 1.318.676,00 денари доставена до општина Македонска Каменица при спроведена Јавна набавка е склучен Договор за набавка и монтирање на пумпа за вода со автоматско вклучување со Друштвото за производство,услуги и трговија АЛФА ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *