ДЕВОЈКИТЕ ОД ЖФК “КАМЕНИЦА САСА” ДЕНЕС ВО ДОЈРАН ГОСТУВААТ КАЈ ШАМПИОНКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Девојките од ЖФК Каменица САСА денес со почеток од 17 часот го играат својот втор пријателски натпревар. Тие гостуваат кај шампионките на Македонија, ЖФК Истатов од Дојран. Ќе биде тежок натпревар за нив, но исто така ќе биде и добар тест и подготовка пред почетокот на претстојното првенство.

Очекуваме да прикажат добра игра и на овој контролен натпревар. Тие претходниот натпревар го одиграа доста солидно за дебитантска и почетничка екипа против доста посилната екипа од Кочани, натпревар на кој каменичанки го постигнаа и својот прв гол. Гол кој беше проследен со огромна радост на трибините од гледачите и солзи радосници од младите девојки на теренот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *