Во Албанија затворени 4300 обложувалници !

Во Албанија стапи на сила Законот за забрана на коцкање , што беше изгласан пред неколку месеци.Од вчера , затворени се 4 300 обложувалници. Забраната не се однесува само на кафулиња со
обложувалници , туку и на онлајн кладење и коцкање.

Коцката е дозволена само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја.

Коцкањето во Албанија беше голем проблем . Според статистиката во земја со 2,8 милиони жители , имало една кладилница на 670 жители.

Албанскиот премиер Еди Рама беше под жесток притисок на сопствениците на кладилници , но сепак Законот се изгласа и од вчера е на сила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *