ЈП Камена Река ги намалува загубите на вода со отстранување на повеќегодишни дефекти на главната водоводна линија

Македонска Каменица, 13.07.2022 година – Како што известува ЈП Камена Река “Во тек се работни активности на екипите за комунални работи за отстранување на 4 повеќегодишни дефекти на главната водоводна линија F 225, на делот после м.в. Филтер станица до Моштичка Река”.

“Со санацијата на дефектите продолжуваме да работиме, во насока, на намалување на загубите со вода за пиење од градскиот водоводен систем” – додаваат од ЈП Камена Река.

Покрај известувањето за работните активности, од Јавното претпријатие ги известуваат граѓаните дека, “Поради целодневните активности на екипите на Јавното претпријатие, нивото на вода во системот е намалено, при што е можен краткотраен прекин во снабдувањето со вода во повисоките делови од градот”.

Линк до објавата од ЈП Камена Река ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *