Шампионите утре пристигнуваат во Скопје

По вчерашното освојување на европскиот врв, ракометарите утре се враќаат дома. Според агендата, ракометарите во 11 и 15 часот се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ а во 13 часот ќе пристигнат на плоштадот „Македонија“ на свечениот пречек кој е организиран од страна на градот Скопје.

По пристигнувањето на скопскиот аеродром ракометарите ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот „Александар Македонски“ до хотелот „Континентал„  потоа кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТ и ТЦ  „Мавровска“. Од таму ракометарите ќе се движат  по булеварот Крсте Мисирков, потоа до булеварот  Кочо Рацин кон зградата на Црвен Крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври кон Порта  Македонија.

За сите оние што сакаат да појдат на аеродромот „Александар Велики“ организиран е бесплатен автобуски превоз од страна на ЈСП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *