Членовите на СПАД “Царев Врв – Руен” и велосипедистите од “Звукот на левата педала” го искачија врвот Сива Кобила (1608 м.н.в)

Членовите на СПАД “Царев Врв – Руен” и велосипедистите од “Звукот на левата педала” го искачија врвот Сива Кобила (1608 м.н.в)

Македонска Каменица, 21. Октомври 2023 година – СПАД “Царев Врв – Руен” и група на велосипедисти “Звукот на левата педала” од Македонска Каменица објавија фотогалерија од денешното искачување на врвот Сива Кобила (1608 м.н.в), во непосредна близина на Македонско – бугарската гранична линија.

– Движејќи се по западната страна на планината, се до врвот Сива Кобила, природата ви нуди убава средба со бујната вегетација во есенски колорит. Недопрена убавина на природата, исполнета со чист и здрав воздух – истакнуваат од СПАД “Царев Вев – Руен”. Препорачувајќи го местото за посета истакнуваат, “Слободно можеме да кажеме, дека Сива Кобила е место вредно за посета, како и многуте други природни убавини и посебности на територијата на Македонска Каменица”.

До целта на врвот, кој се наоѓа во непосредна близина на Македонско – бугарската гранична линија, групата на велосипедисти и планинари до Сива Кобила пристигна преку локалниот пат кој води низ атарот на селата Луковица и Костин Дол. Искачувањето беше организирано од СПАД “Царев Вев” Македонска Каменица.

Целосна фотогалерија од настанот ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *