ФК Каменица Саса објави соопштение за јавност во кое искажува благодарност до повеќе општествено одговорни компании кои преку донирање на спортска опрема и финансиски средства го помагаат функцкионирањето на клубот
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Почитувани,
Со големо задоволство, нашиот фудбалскиот клуб Каменица Саса изразува огромна благодарност кон повеќе општествено одговорни компании од Македонска Каменица кои донираа спортска опрема за потребите на нашиот сениорскиот тим.
✅ Благодарност до “КАВКАМ ТРАНС” од Македонска Каменица за донирана спортска опрема – официјални тимски тренерки за нашата сениорска екипа
✅ Благодарност до Ресторан “ШИЗИК” од Македонска Каменица за донирана спорска опрема – комплет дресови за нашиот сениорски тим
✅ Благодарност до “СУПЕР БЕБЕ” од Македонска Каменица за донирана спортска опрема – тренерки за тренинг на нашата сениорска екипа
✅ Благодарност до “АНАБЕЛА 2018” за донирани финансиски средства за обезбедување на спортска опрема и реквизити за подобрени услови и работа на нашиот клуб
✅ Во оваа прилика, огромна благодарност упатуваме и до Општина Македонска Каменица и Рудник Саса, како наши најголеми поддржувачи и главни спонзори на нашиот фудбалски клуб Каменица Саса.
Вашиот придонес, како и придонесот на сите останати општествено одговорни компании и поединци кои во изминатиот период ја помагаат и поддржуваат нашата Каменица Саса, не само што ја збогатува нашата спортска опрема, туку обезбедува соодветни услови за развој и напредок на нашата екипа. Оваа вредна поддршка кон нашата екипа го докажува вашиот стремеж и посветеност во помагањето и развојот на спортот во нашиот град.
Ве уверуваме, дека вашата поддршка е дополнителна инспирација за вложување на уште посилни напори и труд, неопходни за постигнување на повисоки спортски цели и успеси. Горди сме што за пријатели на спортот, имаме компании која ги препознаваат втемелените вредности и традиција на нашиот фудбалски клуб Каменица Саса. Сигурни сме дека нашите заеднички заложби и плодна соработка ќе бидат успешни и продуктивни во иднина.
Со почит,
Фудбалски клуб Каменица Саса
Македонска Каменица