ФК Каменица САСА не успеа да го сочува водството од првото полувреме. Детонит замина со бод од Македонска Каменица

Македонска Каменица 05.11.2022 година – ФК Каменица САСА не успеа да го сочува водството од 10 минута на натпреварот и не ја искористи шансата за победа против ФК Детонит од Радовиш.

Резултатот, со 1:0 за домашната екипа, го отвори Тони Мичковски во 10 минута од натпреварот. Целосната доминација на теренот од почетокот на натпреварот овозможи брзо водство за Саса. Мичковски ја искористи шансата за мирно прво полувреме на каменичани.

Во 40 минута од натпреварот, гостите останаа со играч помалку на теренот поради досудениот црвен картон за неспортска игра без топка врз најдобриот поединец на теренот кај домашните, Лазар Стојановски.

Во второто полувреме гостите имаа блага иницијатива, со неколку удари кон голот на Саса. До целта успеаа да стигнат буквално во последните мигови од натпреварот, кога по изведениот корнер успеаа да ја сместат топката во мрежата на домашните.

После XI одиграни кола во Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Каменица САСА се наоѓа на 12 позиција со 9 бодови, исто колку и Слога од Виница.

Следното коло Саса го игра на гостински терен во Велес против ФК Борец. Екипа која во досегашниот тек од првенството со примени 43 гола и постигнати 10, нема освоено бодови.

Конечни резултати од XI коло на Првата фудбалска лига на Македонија:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *