ФК Каменица Саса го најави гостувањето против Пелистер во Битола

Македонска Каменица, 01.03.2024 година – Како што стои во известувањето од фудбалски клуб Каменица Саса, утре во сабота на 02. Март, каменичката второлигашка екипа патува во Битола, каде со почеток од 14:00 часот ќе го одигра натпреварот со екипата на ФК Пелистер.
Натпреварот е дел од 18. Коло Втората МФЛ, каде екипата на ФК Каменица Саса е последнопласирана со 8 освоени бодови. Осогово и Караорман предничат со по 15 бодови на 14 и 15 место од табелата. Пелистер е второпласирана екипа со 39 бодови, 5 помалку од ФК Беса и бод повеќе од Детонит Плачковица.
Еден Клуб, Една Љубов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *