Започна продажбата на промотивните влезници за концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд во Македонска Каменица. Концертот ќе се оддржи на 30-ти јуни, а веќе се продаваат влезници на фанови од целиот регион. Иако влезниците се продаваат единствено во Cliff of Moher Pub – Македонска Каменица, можна е резервација на следниве фејсбук фан страни:
Cliff of Moher – https://www.facebook.com/cliffofmoherkamenica/
и True Sound of Kamenica – https://www.facebook.com/tsok2017/
Првите триста влезници се по цена од 150 денари, а промотивниот период трае до вторник (20.06.2017), кога ќе започне продажбата на влезници по цена од 200 денари.
Резервација на маси се врши исклучиво со купување на минимум 4 влезници и флаша пијалок по избор. Организатор на концертот е АСГАРД Македонска Каменица, а kamenica.mk е ексклузивен медиумски покровител на настанот.
Подготви се! True Sound Of Kamenica доаѓа!