Учениците во исчекување дали штрајкот во образованието ќе продолжи?

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска треба да се произнесе дали ќе го продолжи штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.

 

 

Таа воедно истакна дека не треба се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.

– Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава. Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици, изјави Николова.

 

 

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата последна колумна на тема плати, вели дека треба да ги видат и околностите и барањата на дел од јавните работници, меѓу нив и дел од образовниот кадар во градинките и училиштата.

– Треба да е јасно дека зголемувањето на основните плати на наставниците за околу 90% и линеарно зголемување на платите за скоро 20 отсто во градинките (што повлекува барања за покачување на платите во останатиот јавен сектор), во овие околности значи разгорување на инфлаторната спирала.

Давајќи образложение што значи инфлаторна спирала, министерот вели дека покачувањето на цените е резултат на раст на увозните цени на енергенсите и храната на глобалните пазари.

– Во вакви услови, кога во економијата ќе пуштите повеќе пари во оптек, како што е случајот преку висок раст на платите, несоодветен со растот на продуктивноста, ќе дојде до нов притисок од страна на побарувачката. Зголемувањето на побарувачката, поради поголемата колична на пари ќе ја подигне дополнително цената на производите. На пример, на аукција тројца се наддаваат за еден предмет, предметот ќе го добие оној што ќе плати највисока цена за него и на крај предметот чија почетна цена била 100 денари ќе заврши со цена знажително повисока од првичната и можеби економски оправданата, пишува министерот Бесими.

Целиот текст ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *